петок, 17 август 2018 | Вести денес: 32 ново

ДПМ го распиша конкурсот за наградата „Даница Ручигај“

Друштввото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка, членка на ДПМ.

Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од  мај 2017, до крајот на април годинава. Книгите до ДПМ авторките и издавачите треба да ги достават во по четири примероци најдоцна до 30 април.

Наградата се состои од плакета и таа ќе биде врачена на посебна свеченост во Друштвото на писателите на Македонија, во почетокот на јуни.

Доделувањето на наградата е дел од активностите на Клубот на писателките, членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај. Одлуката за формирање на Клубот беше донесена по повод 80-годишнината од раѓањето на Даница Ручигај која животот трагично го заврши во скопскиот земјотрес, на 29 годишна возраст.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top