недела, 22 април 2018 | Вести денес: 29 ново

Најсуровиот хорор на сите времиња е на Би-би-си: Момче се самоубило, деца се опседнале

Пред 25 години Би-би-си емитувал хорор-емисија поради која за само една вечер добил над десетина ил тужби. Ghostwatch првпат се емитувла на Би-би-си на Ноќта на вештерките во 1992 година. Овој хорор-филм бил претставен како телевизиски извештај во живо, а наводно поради него, едно момче извршило самоубиство.
Филмот претставува истрага за натприродните појави што се случувале во една семејна куќа. Истата вечер во централата на Би-би-си стигнале дури 30.000 тужби.
Многу луѓе мислеле дека тоа што го гледаат било реално, а некои родители рекле дека не можеле да ги своите деца по гледањето на филмот.
Би-би-си известил дека Ghostwatch изгледал како вистински телевизиски извештај, а особено што улогите ги толкувале познати презентери на вести, кои гледачите ги воделе низ страшни појави внатре во една куќа.
Овој филм бил вистински пионер на полето на хорор-филмовите, а седум години подоцна се појавува и
„Вештицата од Блер“, пренесува британски „Сан“.
Многумина ваквиот филм го карактеризирале како страшен во деведесетте минути колку што траело
прикажувањето. Гледачите можеле да видат како духот го тероризира домот, а мајката изјавила дека по
пати се слушале чудни звуци.

На крајот на програмата духот Pipes од проколнатата куќа доаѓа во студиото каде што ја напаѓа домаќин
зазема друга за да ја преземе контролата над ТВ-каналот.
Овој филм е означен како главен виновник за неколку случаи на пострамаутско нарушување кај децата,
за трагичната смрт на еден млад човек.
Мартин Денхам (18), работник во фабрика за луѓе со тешкотии во учењето, се самоубил пет дена од
емитувањето на Ghostwatch во 1992 година.
Мајка му и очувот велат дека Мартин бил како хипнотизиран и опседнат со оваа програма, а наводно би
убеден и дека духовите се наоѓаат во неговиот дом.
Момчето пред самоубиството оставило порака: „Ако духовите навистина постојат, ќе бидат со тебе секогаш“.
Поради тврдењето дека нивниот син поради таа програма сторил самоубиство, семејството се жалело д
Комисијата за радиодифузни стандарди.
Во пресудата стоело дека Би-би-си бил должен да ги извести своите гледачи дека програмата нема врска
никаков реален настан.
„Во Ghostwatch намертно сакале да прикажат опасност“, стои во соопштението“, пренесува британски „С
Би-би-си се извинил поради ваквиот пропус и повеќе никогаш не емитувал филм на телевизија, а ДВД-то
излегло во 2002 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top