недела, 22 април 2018 | Вести денес: 30 ново

Ристовски заминува од Барселона во Бенфика

Португалскиот весник „О Жого“ објави дека мaкедонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски постигнал договор со тимот на Бенфика и клубот од Лисабон ќе биде негова наредна дестинација.

По титулите во Шпанија со Барселона и претходно во Германија со Рајн Некар Левен сега Борко ќе се обиде да стигне и до титулата шампион на Португалија.

Покрај Бенфика според информациите за потписот на Ристовски биле заинтересирани уште неколку клубови.

Интересно е што минатата година голот на португалскиот гигант го бранеше Николче Мтривески.

За македонската репрезентација Борко настапи на 118 натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top