четврток, 26 април 2018 | Вести денес: 100 ново

Плејмејкерот на МЗТ, Крафорд ја покажа девојкaта: Следно место кое ќе го посетиме е Милениумскиот крст на Водно

Иако има само 168 см, Џордан Крафорд е можби најсветлата точка во таборот на актуелниот шампион на Македонија во кошарка, тимот на МЗТ Скопје Аеродром. Американецот пристигна во “Јане Сандански” на почетокот од 2018 година, но веќе на првиот натпревар се виде дека станува збор за квалитетен плејмејкер, кој може да ги “разбуди” своите тимски колеги по очајната сезона која ја имаа во регионалното АБА натпреварување.

Тој во интервју за Вечер прес вели дека му се допаѓаат Македонија и Скопје каде уживаат со неговата девојка, а следното место кое сака да го посетат е Милениумскиот крст на Водно.

– Иако сум тука само неколку месеци, мислам дека Македонија, односно Скопје, се убави места за живеење. Исто така можам да потврдам дека луѓето се прекрасни, добро се однесуваат кон мене. Веќе неколку пати го посетив центарот од градот, а исто така уживав во прошетката на тврдината Кале. Повеќе ќе шетам кога ќе се подобри времето, сакам да посетам уште неколку места, а прво на мојот список е крстот на Водно, изјавил кошаркарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top