вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 107 ново

Со венчаница и бидермаер направи голема прослава за 30 години развод

Таа има 63 години и направила невидена прослава досега. Имено славела годишнина од својот развод и тоа јубилејна.

Во бела венчаница како снег и бидермаер во рацете, Мирјана Миловановиќ со трубачи и 80 гости прославилa 30 години од разводот.

Таа во кафеана во Јагодина ги собрала сите блиски за необичната прослава.

-Луѓе 30 години сум слободна- викнала таа на микрофон и рекла дека за неа годините биле полни со среќа, веселење и пријатели.

На својата свадба немала венчаница, па се решила да си купи венчаница сега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top