недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Општина Чаир ќе гради дневен центар за згрижување на деца со аутизам

Во просториите на Културно Информативниот Центар (КИЦ), Општина Чаир во соработка со Невладината Организација “Имаго Плус” и во присуство на претставник на организацијата УНИЦЕФ г-дин Бењамин Перкс и министерот за труд и социјална политика г-ѓа Мила Царовска вчера беше одбележан 2 Април – Меѓународниот ден на аутизмот.

Овој датум не собра сите нас на едно место за да размислуваме за актуелната состојба на човековата свест во поглед на социјалниот третман на лицата засегнати со оваа честа појава.

Треба да ја разбудиме еднаш засекогаш оваа заспана совест и да дадеме јасна порака дека лицата со аутизам се дел од нашето општество кои треба да ги уживаат природните човекови права како и сите други. Тоа несомнено е можно само преку моралната должност на институционална грижа во која не треба да се штедат механизми и треба посериозно да и се посвети на работата за подобрување на квалитетниот живот на децата со аутизам и нивните семејства.

Аутизмот не е само предизвик за децата, ниту е предизвик само за родителите кои се во секој миг покрај нивните деца, ниту само на наставниците кои ги воспитуваат овие деца. Ова е и треба да биде во континуитет и наш заеднички предизвик за секогаш да бидеме близу до овие деца и нивните родители не дозволувајќи во ниту еден начин да се чувствуваат дискриминирани.

По овој повод, Општина Чаир изразува целосна поддршка за иницијативите и работата на Здружението за подигнување на психо- социјалната свест “ИМАГО ПЛУС“. Овој заеднички настан нека биде само една најава на една продлабочена соработка која ќе овозможи да бидат реализирани многу проекти. Ја изразувам и целосната заложба на Општина Чаир за изградба на еден Дневен Центар за згрижување на овие деца. Апелираме на ваквите иницијативи да се придружат и другите институции од земјава. Заедно можеме многу да направиме за нивната здрава иднина.

Лекари, политичари, терапевти, блиски роднини, колеги, сите треба да се обединиме и да ја дадеме безрезервната поддршка за овие деца, кои имаат потреба колку од лубов, толку и за посветеност за оживување на нивниот живот, рамноправен како и сите други. Сите заедно да градиме среќна иднина за овие деца станувајќи причина за нивната среќа и насмевка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top