четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 78 ново

„Фејсбук“ има и снимки кои никогаш не сте ги објавиле, а сте ги снимиле

По веста за кражба на лични податоци на 50 милиони корисници, изминатите денови многумина се приклучија на кампањата „Избриши го Фејсбук“ во чии рамки корисниците ги бришат своите профили и ја преземаат целата архива од своите податоци на социјалната мрежа, вклучително и статуси, пребарувања, фотографии, снимки…

Додека истото го правела и сестрата на еден новинар од New York Magazine, меѓу податоците кои ги преземала нашла и неколку снимки на кои се гледа како вежба свирење. Таа признава дека за снимањето ја користела камерата во рамките на Фејсбук апликацијата, но Фејсбук го сочувал секој нејзин обид, кој таа го нема објавено, а практично не го сметала ни за снимен.

Едно е Фејсбук да ги има податоците што ги споделувате, сосема друго е Фејсбук да чува материјали што можеби сте сакале да ги објавите, а не сте ги објавиле (сигурно со добра причина), реагираат корисниците.

Фесјбук, од своја страна, одговори прилично стандардно – дека го истражува случајот на зачувување на снимки кои ги нема на корисничките профили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top