вторник, 24 април 2018 | Вести денес: 80 ново

Вратете ја страста во спалната соба со помош на овие совети

Во случај потполно да исчезне возбудата во креветот, нема потреба да очајувате. Само треба да најдете начин повторно да ја вратите страста. Постојат периоди во животот кога се најголеми шансите да дојде до тоа. Погледнете кои се тие и како да одржите здрав сексуален однос.

Ова се трите видови на критични периоди во три животни ситуации.

Доколку сте во брак
Недостатокот на интимност во бракот може да ја поттикне една од овие работи: чувства, стил на живот и досада. Дали се фрустрирате еден со друг? Ги игнорирате ли проблемите во својата врска? Се повлекувате ли од својот партнер? Од друга страна, каков е вашиот животен стил? Дали сте двајцата многу зафатени? Дали сте фрустрирани, уморни и имате проблем со спиењето? Или пак, имате мали деца? – ова се прашања кои можеби се поврани со проблемите при интимните односи.

Доколку сакате нешто да промените, мора да разговарате со својот партнер бидејќи никој не мже да чита мисли. Со текот на времето, сексуалните потреби се менуваат, па затоа е многу важно да разговарате за своите и потребите на партнерот и да промените нешто доколку е потребно.

Доколку сте во врска
Доколку сте во врска во која нема секс, размислете за тоа колку сексот е важен во врската. Кога ќе ги тргнете на страна сексот и оргазмите, што е она што останува кое може да го наречете интимен чин? Интимноста е важна како и тоа колку работите на нејзиното одржување, а не само сексот. Насочете се кон мазење, секојдневни допири, погрижете се да се бакнувате секој ден. Без разлика на траењето на „сушниот период“, партнерите треба да се погрижат да се бакнуваат секој ден.

Паровите треба да ја истражуваат својата сексуалност и да пронајдат кој вид на секс е за нив, колку често имаат потреба од него и каде, бидејќи ако имаат секс кој не е возбудлив за нив, ако се досадуваат, со тек на време ќе исчезне и сексот и интимноста.

Доколку сте сами

Најтешко е за оние кои се сами. Како да се преживее „сушниот период“? Одговорот е преку мастурбација.

Не секогаш ви е потребен партнер за добар секс, ова е одлична прилика да истражите што ви се допаѓа и што сакате во сексот. Зошто да не ја истражувате мастурбацијата? На крајот на краиштата, сигурно е поздраво да мастурбирате, отколку да имате авантури за една ноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top