недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 54 ново

Жешки вести: Анти-еротично однесување

Иако постојат безброј начини сексот да го направите незаборавен, некои потези можат да предизвикаат вистинска катастрофа во постелата. Ви откриваме што не смеете да правите…

Немојте партнерот да го ставате во центар на вниманието

Желбата да се задоволи партнерот е едно, а давањето без да се прими е нешто сосема друго. И тој нека се потруди околу вас! Сознанието дека сте задоволни е силен стимуланс за негово либидо и его! Поради оваа интеракција, ноќта ќе биде повозбудлива.

Не се фокусирајте само на очигледното

Уверени сте дека знаете каде сака да го допирате, но факт е дека постојат повеќе ерогени зони. Дајте ми комплетно телесно искуство, вклучувајќи ги вратот, ушите, брадавиците… Тој нема да може да го предвиди вашиот нареден допир, а оваа слатка неизвесност ќе го зголеми неговото, а за возврат и вашето задоволство.

Немојте да сте премногу диви

Можеби испробувањето нови потези и техники ви изгледа како возбудливо, но ако премногу се оддалечите од вашата сигурна зона може доста да го збуните (па и исплашите!) вашиот партнер. Ова особено важи ако врската ви е се уште “свежа“. Запомнете дека комуникацијата и блискоста се клучни зборови за задоволство во сексот. Обидете се низ разговор да ги дознаете неговите фантазии.

Дали знаевте?

45% од авионските патници флертуваат за време на летот со лицето на соседното седиште. Една третина од овие луѓе излегуваат на романтични состаноци откако ќе слетаат. Затоа слободно разговарајте со згодното момче покрај вас, никогаш не се знае!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top