недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 54 ново

Хрватите среде Црна Гора пееја – Ова е Србија! (видео)

Националистичките и шовинистичките испади се вообичаен декор на спортските претстави на Балканот, но ова што го направија хрватските навивачи предизвика огромно внимание во регионот. Колку поради навредата, толку и поради нелогичната содржина на нивните скандирања, пред се бидејќи доаѓа од нив – Хрватите.

Откако минатата недела навивачите на црногорскиот шампион во кошарка Будуќност правеа нереди во Загреб со повиците „Ова е Србија“, Хрватите, односно навивачите на Цедевита денеска во Подгорица им возвратија на истиот начин.

Шетајќи низ улиците на главниот град на Црна Гора, навивачите на хрватските навивачи ја извикуваа истата парола и мора да се признае дека ги изненадија сите, па и нивните „архинепријатели“ Србите.

Поголеми инциденти пред мајсторката од полуфиналето во АБА лигата помеѓу Будуќност и Цедевита немаше, но секако дека е огромна реткост да се чујат вакви повици од страна на хрватски навивачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top