четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 72 ново

Жените паѓаат на девет чудни работи кај мажите: Еве што ги привлекува, а еве каква врска има буквата „Т“

Ништо од ова нема врска со изгледот, барем не првенствено

Се вели дека не треба да се дискутира за вкусовите. И навистина, не постои универзално правило за привлечност кај спротивниот пол, но одредени експерти сега тврдат дека некои карактеристики генерално се попривлечни од останатите. Следниве факти ќе ве разубедат дека жените кај мажите не ги приметуваат само мускулите и насмевката.

Добра работа

Не е изненадување вашиот избор на вработување да влијае на вашиот љубовен живот. Апликацијата за запознавање, Тиндер тоа најдобро го знае и прави попис на најпривлечните професии на спротивниот пол. Топ пет можеби изгледаат очекувано и стереотипно, но што можеме? Момците во униформи, адвокати, лекари и јавни личности најдобро поминуваат кај жените.

Куче како домашно милениче

Направен е експеримент со две групи на мажи. Едни неверни и склони кон расправии со партнерката, додека другите напорно работат и се грижат за децата. Во пресрет на фактот дека овие првите имаат лоши особености, ако би имале куче, автоматски би биле попривлечни кај жените, дури и повеќе отколку сопствениците на кучиња од другата група. Грижата за кучето ги прави мажите посреќни и поопуштени и и испраќаат сигнал дека се подготвени за сериозна врска.

Маица со буквата „Т“

Не е шега. Истражувања покажуваат дека најобичниот детал на маицата може да привлече многу внимание. Авторите тврдат дека момците во бела маица со кратки ракави и испишано големо црно „Т“ на предната страна, за 12% се попривлечни за жените. Таквиот впечаток го објаснуваат со илузијата која ја создава таквата маица. Рамената изгледаат пошироки, а струкот потесен. Тој е обликот на телото, кој за жените е најпривлечен.

Влијание на Џорџ Клуни

Жените преферираат постари момци, покажуваат истражувањата. Тоа е објаснето со фактот дека жените бараат финансиски независни и шармантни момци кои можат да ги заштитат. Колку постари, мажите имаат повеќе шанси за подобрување на социјалниот статус и банковната сметка. Психолозите тоа го нарекуваат влијание на Џорџ Клуни. Жените покрај успешниот стар дечко покрај себе, се чувствуваат посамоуверени.

Глумење на недостижен

Таквиот настап навистина може да го зголеми интересот кај спротивниот пол. Несигурноста во сигналите кои им ги испраќаат момците, поради што не знаат дали им се допаѓаат или не, се чини дека е уште попривлечно. Жената не може да го исфрли од глава оној за кој не е сигурна дали и тој фрлил око на неа. Клучно е на стартот на врската да се задржи доза на таинственост.

Резервираност

Жените преферираат маж со став, оние кои не се смешкаат постојано, туку покажуваат доза на агресивност и променливо однесување. Оценето е дека среќата на лицето е најмалку привлечна особина, што докажува дека еден од најславните стереотипи е вистинит, а тоа е дека жените сакаат „лоши момци“. Но, тоа вреди само кај првиот впечаток. Подоцна е важно нивниот избраник да биде добар сопруг и татко.

Длабок и поспан глас

Длабоките машки гласови за жените се поатрактивни. Објаснувањето за ова е логично. Длабочината на гласот има врска со телесната градба. Момците сакаат жени со висок глас, бидејќи тоа им сугерира дека имаат ситно тело.

Црвена облека

На жените им се најпривлечни мажи во црвено. Таа боја има значајна улога во машко-женските односи. Луѓето од различни култури ја поврзуваат црвената боја со љубовта и страста. Таа и е моќна боја за таа улога. Симбол е на авторитет и висок социјален статус.

Фотографии

Момците привлекуваат внимание кај жените со едноставна манипулација на статусот кај фотографиите. Докажано е дека иста личност во иста облека и ист израз може да изгледа поптивлечно покрај скапоцен автомобил. Интересно, тоа не вреди во обратниот случај, што значи дека на мажите, социјалниот статус на жените не им е толку важен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top