четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 79 ново

Пет дизајнерски имиња го отворија пролетниот Моден викенд Скопје

Модниот викенд за сезоната пролет-лето 2018 го отвори заедничката ревија на Роберт Ивановски поддржан од „Arthurs“ и дизајнерката Евгенија Зафировска вчеравечер во Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Скопје.

Дизајнерот Роберт Ивановски за својата најнова колекција „The garden of earthly delights“ вели дека е инспирирана од познатото дело “Градината на земните задоволства” на Хиеронимус Бош од 16 век, кое сега е сместено во музејот „Прадо“ во Мадрид. „Тоа е модерна, урбана колекција со отпечатоци од сликата во комбинација со црна ткаенина.“, додава Ивановски.

Евгенија Зафировска

За колекцијата „Архитектура во движење“ Евгенија Зафировска ќе рече „Веќе некое време сум импресионирана од архитектурата и мојата инспирација за оваа колекција е Кензо Танге, јапонски архитект кој го обнови мојот роден град Скопје. Преку изработка на колекцијата се приближив до најблиската врска помеѓу архитектурата и модата, создавајќи 3D-структури и простор за телото, а во исто време овозможувајќи неограничено движење. Резултатот е современа уникатна колекција, препознатлива и уникатна, базирана на корисни, иновативни рачни техники и материјали.“

Катерина Лука

Вечерта продолжи со авангардната колекција на „КALI ROSE by Katarina Luka“ надополнета со аксесоари. „Стилот на оваа колекција вроди со многу инспирации од популарната постапокалиптичка фикција и мојата главна инспирација е филмот „MadMax“. Во овие 25 женски и машки комбинации претежно се појавува црната боја со многу кожни моменти, комбинирани со накит во сличен алтернативен стил.”, вели Катарина Лука.

Зана Алиу

Своите креации ги претстави и Зана Алиу која стои зад „Zana Aliu showroom“ и колекцијата „Red&The spectrum“.

„Ќе има прашање зошто во мојата колекција доминира црвената боја кога и таа е дел од спектарот на бои. Одговорот е претставување на мојот личен карактер, јас се сметам за феминистка а сето ова е испреплетено со тоа дека се е сработено со трпение, енергија, посветеност кои се карактеристики на самата црвена боја која асоцира на желба, страст, лубов и на целата моја колекција и дава еден интензитет, динамика и женственост. Преку мојата колекција патуваме низ животот секогаш со убави тонови, тоа е мојот одговор за квалитетно живеење“ обајснува Алиу.

За крај на првата вечер од седумнаесеттиот моден викенд Скопје се случи ревијата на „Fingerprint“ и нивната колекција “Macedonian beauty”. Станува збор за креации кои се 100% осмислени и направени во Македонија односно маици со 16 различни принтови.

„Фингерпринт“

„Пред вас стои првата едиција маици со име „Macedonian beauty“ со којашто на поинаков начин ќе ја раскажувате приказната за македонскиот шарм, сонце, езера и ајвар“, вели тимот кој стои зад брендот „Fingerprint“. Крајот на првата ревијална вечер продолжи со забава на истата локација со диџеј Славе.

Најновата колекција на луксузниот македонски бренд „Dias“ специјализиран за производи од кожа: Чевли, чанти, торби за патување и останати кожни додатоци, ќе биде достапна за посетителите во текот на целиот настан.

Официјално возило оваа сезона е „Lexus. Еxperience amaizing“. На настанот ќе го промовираат возилото од последната генерација на „Lexus LS 500h“ кое по завршувањето на настанот пет дена ќе биде достапно за тест возење.

Официјален партнер за фризурите на моделите и оваа сезона е „Lakme“ во соработка со студио „Lili“. Мејк ап партнер АВОН во соработка со Зоран Шурбевски. Дерма-бјути партнер на сезоната се „Vichy“. Моделите ги носат чевлите од „Lusido“. Официјален парфем оваа сезона е црвениот BU Passion – „Секој момент живеј го со страст. Празнувај го животот!“.

Партнер за убавина на седумнаесеттиот Моден викенд Скопје се Clarissa Professional – „Убавина за сите“. Проектни партнери – МДН обезбедување. За уникатна атмосфера и амбиент ќе се погрижат “Lux” and „Think“. Партнер на Моден викенд Скопје и омилениот гостин во сите семејства „Podravka“. Официјалното вино на сезоната доаѓа од винаријата „Камник“. Официјална водка на сезоната е „Absolut“. Проектни партнери: МДН обезбедување, РКМ (RKM), Premium location apartments БИСИ, Bella Vista, Soul Kitchen bar, Жито Лукс, Concept 37, Red Bull, известија од Моден викенд Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top