сабота, 21 јули 2018 | Вести денес: 70 ново

Трибјут концерт во чест на Арета Френклин во изведба на Камил Слеџ

Вечерва со почеток во 21 часот во ноќниот клуб „Станица 26“ во организација на „3Гонга“ ќе настапи харизматичната американска вокалистка Камил Слеџ. Овој специјален настан е всушност трибјут концерт во чест на кралицата на соул музиката Арета Френклин.

Ова возбудливо и авантуристичко музичко патување ќе ни го овозможи Камил Слеџ, ќерката на Деби Слеџ една од четирите сестри, музички икони на култната група од 70-те години „Систер Слеџ“. Камил го наследи талентот на својата мајка и во „Станица 26“ ќе нè води низ нејзините лични изведби и аранжмани на музичките клсици од Franklin, песни како што се „Respect”, „Chain of Fools”, „You Make Me Feel Like A Natural Woman”и многу други.

Слеџ ќе биде придружувана од талентиран тричлен бенд, во кој се истакнува поранешниот тапанар на Принс, Дејвид Фингерс Хејнс.

Концертот почнува во 21 часот, а цената на картите е 800 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top