среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Нов клинички центар ќе се гради на територијата на општина Карпош

Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за започнување на проектот за изградба на комплекс универзитетски клинички центар на локација во општина Карпош.

Министерството за транспорт и врски и соодветните институции и општина Карпош да извршат измени во урбанистичките и катастарските и други планско урбанистичко–проектни документи за 2018 година.

Со оваа одлука на Владата, Министерството за здравство треба да му препорача на Архитектонскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, да формира стручна комисија и да спроведе јавен конкурс за идејно решение на дел од комплексот универзитетски клинички центар, соопшти службата за информирање на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top