четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 72 ново

Дејвид Боуви ја доби првата статуа

Статуа на славниот британски пејач и музичар, Дејвид Боуви, беше откриена вчера во британскиот град Ејлсбери, каде што сестраниот уметник првпат го претстави ликот Зиги Стардаст.

Боуви инспирацијата за тој лик ја пронајде во една друга британска рок-ен-рол ѕвезда – Винс Тејлор кој по доживеан нервен напад, почна да говори за себе дека е човечко-вонземски мутант и врска меѓу луѓето и Бога.

Песната за Зиги се наоѓа на албумот „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars”, којшто само го зацврсти Боуви на пиедесталот меѓу рок ѕвездите.

Бронзената фигура е поставена на плоштадот во Ејлсбери, и таа го претставува „опуштениот” Дејвид Боуви и неговото „второ јас”.

Творец на скулптурата е вајарот Ендрју Синклер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top