вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 0 ново

Награди за „Исцелител“ на филмските фестивали во Франција и во Италија

Филмот „Исцелител“ минатата недела освои две значајни награди на два престижни меѓународни филмски фестивали. На филмскиот фестивал во Обањ, Франција, тој беше избран за најдобар филм во главната натпреварувачка конкуренција, а на филмскиот фестивал „Франкофилм“ во Рим, Италија, доби специјална награда од жири.

„Исцелител“ од премиерата во ноември па досега учествуваше на 16 филмски фестивали и освои седум меѓународни награди. Филмот беше прикажан во Индија, Америка и неколку земји од европскиот континент. Освен освоените награди, филмот со својот квалитет го привлече виниманието на публиката и на светската филмска критика.

Главните улоги во филмот „Исцелител“ ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на „Фрагмент филм“ од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top