понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

За една недела 42 велешани заболеле од грип

Во Велес во изминатата недела биле регистрирани 42 заболени од грип, информираа од велешкиот Центар за јавно здравје.

Епидемиологот д-р Билјана Трајкова изјави дека споредено со претходната недела кога биле регистрирани 56 заболени, бројот на заболени опаѓа.

– Споредено со претходната недела кога немаше регистрирано болни деца на возраст до 15 години, изминатата недела имало и осум деца до четиригодишна возраст и девет деца на возраст од 5 до 14 години. Од 15 до 64 години биле 23 заболени и двајца новозаболени од грип имало и во границата над 65 години, информира д-р Трајкова.

Додаде дека во текот на месецов заедно со новозаболените регистрирани се 190 заболени, во февруари 232, а во јануари само 13 заболени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top