среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 7 ново

Со двегодишната ќерка в раце скокнал од 60 метри (ВИДЕО)

Видеоснимката од таткото кој држејќи ја в раце двегодишната ќерка, скокнал банџи џамп од 60 метри височина, направена во западна Малезија, брзо се прошири на социјалните мрежи и запрепасти многумина кои го погледнаа видеото.

И покрај тоа што таткото Мохда Реџа Розла на главата носи заштитна кацига, малото девојче кое е врзано за него, на главата нема никаква заштита.

Иако публиката која го пратела скокот на местото од кое изведен, реагирала целосно воодушевено, таткото и ќерката не наишле на толку позитивни реакции кога снимката почнала да се шири по интернет, пишува „Дејли Меил”.

-Разбирам дека многумина се загрижени, бидејќи вакво нешто прв пат се случува во Малезија. Сепак, нема причина за грижа. Мојата ќерка беше цврсто врзана и целосно заштитена. Таа и самата сакаше и никој не ја наговараше да скокне – изјавил таткото соочен со острите критики.

Инаку Мохда Реџа Ролза е позната малезиска ТВ ѕвезда. Тој тврди дека девојчето уживало во скокот.

-Многу ѝ се допадна, па дури побара уште еднаш. Меѓутоа, мене ми беше страв – додал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top