четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 1 ново

Најлошите совети за секс во женските магазини

Не треба да им верувате на онлајн експертите, а уште помалку ако нивните експертизи задираат во интимата. Како на секспертите, на пример. Нивните совети знаат да бидат толку лоши и бизарни што сигурно ќе ви дојде да им влепите шлаканица или да им мавнете бокс откако ќе го преживеете срамот од сексуалното фијаско. Но, ќе мора да се задоволите со кршење на мониторот. Затоа не наседнувајте!

Овие неколку совети од Космополитан, Таа знае, Женско здравје, Гламур се потсетник колку може да биде лош сексот ако читате наместо да уживате.

1. Нека шмркне бибер пред да сврши. Чувството при кивањето може да е слично на оргазам, и да го зајакне ефектот на убавото.
2. Потопете ги градите во боја за храна и користете ги како четка за да го обоите по целото тело. Потоа излижете го.
3. Ангажирајте некој да се скрие во плакарот, но не му кажувајте на партнерот.
4. Понесете го партнерот со вас на пазарење намирници. Гледајте на тоа како сензуална предигра. Можете многу да се забавувате галејќи ги и нежно стискајќи ги храните, или мирисајќи ги нивните ароми. И разговорот ќе ви биде интересен.

5. Купете боја за коса (од онаа што се мие) и почнете орално да се задоволувате. Ќе го добиете тоа секси чувство на раце што ви ја масираат главата додека партнерот ве фарба, заедно со возбудата што не знаете како ќе изгледа резултатот.
6. Малите прсти на нозете не се само слатко неодоливи, туку се и секси, а чекаат на вашиот јазик да ги разбуди од нивниот сон. Со други зборови, лапајте се со неговите мали прсти на нозете (ако хигиената му е од добра до одлична). Поеротско е отколку што звучи.
7. Ставете привремени тетоважи со неговото име околу вашите брадавици, и дајте му да ѕирне кога ќе се наведнете со незакопчана тоалета.
8. Меѓусебно хранете се со сладолед (во темница). Тоа што не гледате ќе значи дека повеќе ќе истурите, што значи и повеќе лижење за да исчистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top