понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 47 ново

Илон Маск ги избриша „Тесла“ и „СпејсХ“ од Фејсбук

Американскиот милијардер Илон Маск ги избриша официјалните страници на „Тесла Моторс“ и „СпејсХ“ на најпопуларната социјална мрежа.

Онлајн петицијата „избриши го Фејсбук“ (#deletefacebook) е создадена по избивањето на скандалот со „Кембриџ аналитика“, компанија која добила податоци за повеќе од 50 милиони корисници на Фејсбук.

Маск се пошегува со компанијата „Сонос“, потсетувајќи ги првите луѓе дека тие изјавиле дека ќе престанат да се рекламираат на Фејсбук една недела.

Неговите фанови потоа го предизвикаа да ги избрише страниците на неговата компанија, што тој го направи во следните неколку минути.

Американскиот милијардер рече дека дури и не знаел дека „СпејсХ“ имал страна на најголемата социјална мрежа. „Јас никогаш ја немам видено“, напиша тој на Твитер, додавајќи дека „брзо ќе исчезне“.

Друг корисник забележал дека фирмата на Маск „Тесла Моторс“ исто така има и профил на Фејсбук.

Страниците на двете компании на Фејсбук, кои имаа над два и пол милиони следбеници, брзо беа избришани.

По притисокот врз него да ги избрише овие страници, почнаа и сугестиите да го избрише профилот на Инстаграм, бидејќи оваа социјална мрежа е дел од Фејсбук, но тој го одби ова. Маск го објасни овој потег на Твитер и изјави дека Инстаграм е „веројатно во ред“, се додека е независен од Фејсбук

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top