понеделник, 18 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

Пред Школка во Градски парк во Скопје хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

Во недела, на 25 март во Градски парк во Скопје (пред Школка) со почеток во 11.00 часот ќе се одржи хуманитарна трка за деца со Даунов синдром. Трката е организирана од Мечувалечки клуб „Ескрим“ со цел да ја подигне свеста за децата со Даунов синдром и да ги поттикне спортските центри и клубови да им овозможат на децата да се вклучат во спортот и да им обезбедат еднаков пристап до него. Со ова покрај очигледните придобивки од спортот и здравиот живот, на децата со Даунов синдром ќе им се отворат вратите за социјализација и живот без предрасуди.

Преку партнерот за пријавување https://www.smartrace.club/ може да се дознаат повеќе детали за Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром. Сите се поканети да ја посетат трката, да се запознаат со бенефитите за децата и да им ја дадат поддршката која ја заслужуваат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top