сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 15 ново

Ѓоковиќ доживеа дебакл

Новак Ѓоковиќ доживеа дебакл на стартот на Мастерсот во Мајами.

За само 69 минути беше поразен од 47. тенисер на АТП листата Беноар Пер со 0-2 (3-6, 4-6). Ѓоковиќ имаше енергија само во првите 20 минути, а потоа остана без одговор за одличната игра на Пер.

Пресвртот се случи во седмиот гем кога Французинот направи брејк и дојде до предност од 4-3 по што немаше враќање за Ѓоковиќ. Пер го направи првиот брејк и во вториот сет, Србинот успеа некако да се врати, но при 5-4 за противникот на свој сервис загуби без освоен поен.

Во третото коло Пер ќе се сретне со Филип Крајиновиќ, но оваа победа е една од најважните во неговата кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top