сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Драмата “Всушност никогаш не беше тука” во македонските кина

“Всушност, никогаш не беше тука” (You Were Never Really Here) е нов филм во режија на британската режисерка Лин Ремзи, кој публиката кој публиката ќе може да го види во македонските кина од 29 март.

Се работио за француско-американско-британска копродукција од жанрот драма/ трилер.

Корупцијата, одмазда и внатрешни демони се главните теми на филмот. Жоакин Феникс е во улога на трауматизиран и емоционално дистанциран ветеран и поранешен агент на ФБИ, кој живее со дементна мајка, која исто така е единствена неговата врска со она што може да се нарече нормален живот. По војната и службата, Џо (Хоакин Феникс) станува платеник за да преживее.

Неговата специјалност е да ги спаси девојките кои станаа бело робје. Причината за неговата последна мисија е Нина, ќерка на сенаторката од Њујорк (Екатерина Самсонов), киднапирана и ставена да работи во бордел во Менхетен. Неговата задача е да ја најде, да ја доведе дома и да го убие секој што ќе му застане на патот. Кошмарите на Џо почнуваат да го обземат, што може да доведе до две можни опции – смрт или негово будење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top