четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

„Алшар“ создаде пролетна колекција за девојки и жени кои се чувстуваат слободно и опуштено

„Spring breakers“ е насловот на новата колекција на македонската модна дизајнерка Силвија Михајловска која стои зад брендот „Алшар“ и ќе биде прикажана вечерва во 21 часот во просториите на Македонската опера и балет (МОБ) на Fashion & Lifestyle Expo. Михајловска првпат учествува на настанот по покана на организаторите „Моментум“.
Новата колекција на „Алшар“ која веќе остава свој печат на македонската модна сцена и има препознатлив стил е наменета за девојки и жени кои се чувствуваат слободно и опуштено. Интересно е што новата колекција ќе биде промоворана заедно со брендот „Дого“, а моделите на колекцијата ќе ги носат трите најдобри модни блогерки: Емилија Вучиновска – Miss urban wibe, Александра Спасовска – Везилка и Александра Трпевска – Madjestic. На ревијата ќе бидат прикажана и неколку креации за плус сајз девојки.

На претстојниот Fashion & Lifestyle Expo ќе се претставите со нова колекција. Може ли да ни кажете нешто повеќе? Што содржи колекција, кому му е наменета?
МИХАЈЛОВСКА: Се работи за пролетна урбана и младешка колекција наречена „Spring breakers“. Наменета е за девојки кои се чувствуваат слободно и опуштено. Колекцијата содржи фустани за дневни и вечерни излегувања, но и панталони, наметки, туники, кошули. Моделите се изработени од памучни материјали во бежова, бела, жолта, маслинеста, портокалова и сина боја. Колекцијата има асиметрични кроеви, карнери и оригами цветови.

По кој пат учестувате на овој настан? Што е она што го одделува од другите модни настани кај нас?

МИХАЈЛОВСКА: Првпат учестувам на овој настан. Она што ме привлече е различниот концепт кој го има Fashion & Lifestyle Expo бидејќи нуди можност за изложување на креациите. Публиката, покрај ревијата може да види и други видови дизајн.

Вашата ревија е во соработка со ексклузивната продваница Dogo. Како дојде до соработка?
МИХАЈЛОВСКА: „Дого“ е многу впечатлив и интересен нов бренд на нашиот пазар. Ми се допадна идејата за соработка. Јас првпат соработувам со некој бренд за чевли воопшто. Нивните обувки се урбани, со интересни принтови и одлично се вклопуваат и ја надополнуваат мојата нова колекција.

Одговараат ли моделите на Дого со вашите модели? По што вашате ревија ќе биде посебна?
МИХАЈЛОВСКА: Оваа ревија е малку поопуштена, со креации типични за мојот стил, но во некоја ’покежуал’ варијатна. На ревијата ќе учестуваат нашите три најдобри модни блогерки: Емилија Вучиновска – Miss urban wibe, Александра Спасовска – Везилка и Александра Трпевска – Madjestic. На ревијата ќе бидат прикажана и неколку креации за плус сајз девојки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top