четврток, 19 април 2018 | Вести денес: 76 ново

Од робот до автостопер: Необични гости во Еден на Еден (ВИДЕО)

Неколку гости со необично хоби или уникатна приказна беа дел од неделната Еден на Еден епизода. Публиката имаше можност да слушне доста интересни муабети, а Жаре се соочи Еден на Еден со:

–          Милош Димковски, авантурист од Куманово, кој досега поминал преку 35.000 километри со автостоп, а за своите авантури објавил три книги под псевдонимот Евгениј Хоуп;

–          Ренато,  дете талент, за чии фудбалски способноста уште доста ќе слушаме;

–          Марјана Павличек, една од ретките фотографи во Македонија која слика само актови;

–          Филип Етмишовски – колекционер на автограми, кој во неколку години собрал автограми од многу светски познати личности како Владимир Путин, Ангела Меркел, Брижит Бардо, Ким Кардашијан и уште 400 други;

–          Роби Реј, диџеј од Прилеп кој во својот настап вклучува и два специјално порачани костими, изработени во фабрика за роботи и со нив настапува како Лед Робот и Мирормен.

В недела, пак, кај Жаре доаѓаат министерот за финансии Драган Тевдовски и актерите од македонскиот филм „Исцелител“. Но, и едно големо изненадување. Не ја пропуштајте новата „Еден на Еден“ оваа недела од 18:50 на Канал 5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top