сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 22 ново

Заборавиле што им е работа: Наместо да ги бркаат убијците, полицајци си правеле селфи од местото на бруталното убиство

Скотланд Јард се извини за селфи фотографијата што ја објавиле двајца полицајци од местото каде момче било избодено до смрт.

,,Нечуствително” е двајцата полицајци да се сликаат од место на убиство, се наведува во извинувањето на полицијата од Лондон.
Полицајците објавиле фотографија на социјалните мрежи и напишале текст ,,Место на злосторството денеска во трговскиот Стратфорд”.
Тие се сликале на местото каде со убоди од нож било убиено 20 годишно момче. По објавата на фотографијата, граѓаните објавија гневни реакции.
Најбројни беа оние кои им напишаа да се фатат за работа во потрага по бандата што го уби момчето, а не да губат време во фотографирање.
Момчето, што пред два месеца дошло во Лондон од Романија, било бркано од група напаѓачи, кои го избоделе со нож и починало на рацете на неговиот пријател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top