недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Возете внимателно, Шилегов не е дома (ФОТО)

Снегот паѓа – Шилегов никаде го нема. Сигурно си мислите прави снешко во некој парк или пак во ЦУКС будно ја следи состојбата на скопските сообраќајници. Но, се лажете. Се лажете и ако мислите дека е изненаден од снегот во март. Туку, баталете го неодговорниот градоначалник и внимателно возете, внимавајте каде одите и не излегувате без потреба – снегот трупа.

ПОТСЕТУВАЊЕ: Шилегов и првиот снег во Скопје

Скопје работи за вас, затоа што Вие тоа го заслужувате!

Последен пат Градот Скопје информира за состојбата на градските улици пред 10 часа, па така знаеме дека за снегот што паѓаше ноќеска и рано утрото, фрлени се „45 тони сол, а сите градски сообраќајнци се чисти и проодни“.

Зимската служба на Град Скпје фрли 45 тони сол

„Интервенирано е на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот и критичните точки на градските сообраќајници“, пишува во соопштението на Град Скопје.

Фото: Република

Оттогаш наваму снег провејува цел ден, а вечерва има интензивни врнежи, но соопштение од Град Скопје – нема. Уште помалку екипи на теренот кои ќе ги расчистуваат главните сообраќајници.

А Петре, не мислете го, добро е и на суво е. Во Виена.

Фото: Град Скопје

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top