вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 21 ново

Невестата ќе полуди: Принцот Хари на венчавката поканил три поранешни девојки!

Додека Велика Британија се подготвува за венчавка на принцот Хари и Меган Маркл, таблоидите се тркаат кој ќе објави по пикантна информација во врска со свадбата на годината, а како бомба одекна веста дека на раскошната церемонија ќе се појават дури три поранешни девојки на принцот Хари.

Прво пејачката Ели Гудлинг се пофали на медиумите дека добила покана за свадба, како и дека таа и Хари останале добри пријатели. Инаку тие двајца во 2014 година наводно имале кратка, но бурна романса, но никогаш за тоа јавно не зборувале.

Но тоа не е се. Хари на венчавката ја повикал и Челси Дави, со која бил во врска од 2004 до 2011 година. Сите верувале дека таа е онаа правата и очекувале Хари да се венча со неа, но тоа не се случило.

Потоа Хари утеха нашол во Кресида Бонас и со неа бил од 2012 до 2014 година.

И секако и Кресида добила покана за свадба.

Како реагирала идната невеста Меган Маркл, не е познато, а знаејќи го бурното минато на Хари не е исклучено до венчавката на 19 мај уште некоја бивша да влета на списокот на гости.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top