среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 93 ново

Евакуирана зградата на „Кембриџ аналитика“ во Лондон поради сомнителен пакет

Британската полиција соопшти дека денеска е пронајден сомнителен пакет во близина на седиштето на компанијата „Кембриџ Аналитика“ во Лондон, поради што беа затворени околните улици и евакуирана зградата.

Полицијата истакна дека до сега не е пријавено дека има повредени.

– Зградата е евакуирана поради претпазливост, наведе полицијата.

Канцеларијата на компанијата „Кембриџ Аналитика“ во Лондон се наоѓа во улицата „Њу Оксфорд“, една од главните шопинг улици во Велика Британија.

Консултанската фирма „Кембриџ Аналитика“ е под истрага во Велика Британија за користење на лични податоци на корисници на Фејсбук за да направи профили на американските гласачи пред изборите за претседател на САД во 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top