четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 50 ново

Могерини: Од Западен Балкан имаме тренд на позитивни вести

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека лидерите на ЕУ денеска на Самитот во Брисел ќе почнат разговори за Западен Балкан и оти на таа тема ќе се навратат на средбата на врвот во јуни.
– Верувам дека ќе имаме добар почеток на разговорите за Западен Балкан. На таа тема ќе се навратиме во јуни. Со позитивниот развој на случувањата и вестите од регионот мислам дека можеме да констатираме тренд и да продолжиме со работата на Европскиот совет во јуни кој би требало да ја потврди јасната европска перспектива на целиот регион – изјави Могерини.
При доаѓањето на самитот во Брисел, таа порача дека на прашањето за Западен Балкн и неговата ЕУ перспектива се работи многу, како во Советот и Европската комисија, така и со партнерите од регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top