сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 23 ново

Дури за две години – од Статистика најавуваат попис за 2020 година!

Пописот на населението веројатно ќе се одржи во 2020-та година. Тоа според директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски ќе биде во согласност со меѓународните препораки да се одбере година што завршува на нула или на еден и со напорите да се избегне политизација, со оглед дека 2019 и 2021-ва се изборни години.

Според првиот човек на Заводот за статистика нема потреба населението да се попишува според етничката припадност. Според препораките на Обединетите нации, вели тој, ова влегува во категоријата споредни белези, се прибира главно на Балканот и се користи само за политички цели.

Симовски нагласува дека Владата и Собранието до крајот на годината би требало да го донесат законот, по што ќе почнат технички и технолошки подготовки, набавка на 6 илјади компјутери, апликации и друго. Се планира пописот да чини околу 8 и пол милиони евра, за разлика од пропаднатиот попис проценет на 14 милиони. Освен анкетите лице в лице, ќе се користат регистрите на другите институции, а сите податоци наместо на хартиени обрасци ќе се внесуваат во компјутер.

За резултатите нема да се чека година и половина, бидејќи ќе бидат готови за само три месеци. Во 2019 се планира пробен попис во неколку пилот општини.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top