понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 94 ново

Пет детски пиеси од Сашо Огненовски објавени на српски јазик

Неодамна од печат излезе српскиот превод на книгата со детски пиеси „Чаробни компас“ од Сашо Огненовски. Во неа се поместени пет детски пиеси. Новогодишни забуни, Новогодишна вртелешека, Обична бајка, Новогодишен споменар и Волшебниот компас. Пиесите беа поставени на сцената на Битолскиот театар, а беа изведени како независни проекти.

македонската верзија на пиесите е издадена во две книги во 2002 и во 2011 година како независни изданија. Сашо огненовски е актер и писател. Досега објавил три книги поезија, две пиеси за возрасни и две книги пиеси за деца. ова е прв превод на негови пиеси на српски јазик. Промоцијата на српскиот превод е планирана на почетокот на април во Белград.

Сашо Огненовски е роден 1964 год. во Битола. Во 1987 година дипломира на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, на отсекот за Драмски актери. Во 2002 година магистрира на Институтот за Социолошки и Политичко-Правни Истражувања во Скопје на отсекот за Комуникации и медиуми, а во 2017 година докторира на Институтот за комуникации и медиуми при правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Работел како актер во Народниот театар од Битола и како Стручен соработник на Педгошкиот факултет во Битола, а и како професор на Славјанскиот Универзитет. Досега ги објавил книгите поезија „Лавина“ (1995), „Плодовите на пеколот“, (2104) и „Пустински цвет“ (2015), книгите пиеси за деца „Обична бајка“ (2002) и „Волшебниот компас“ (2011), монографијата „Ацо Ѓорчев – актерска легенда“ и  книгата со драми „Тврдина“ (2016) која неодамна излезе од печат и на англиски јазик. Преведувал од англиски и српски јазик, а неговите книги се исто така преведувани на српски и анлиски јазик.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top