сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Охридското Езеро денес 15 сантиметри над максимумот

Штетите што настанаа од невремето во Охрид не можеле да се спречат и доколку ЕЛЕМ овозможел максимален испуст на вода од Езерото преку Црн Дрим, истакна вчера Тони Маркоски, раководител на сектор во ХЕС Црн Дрим.

Според него, максималниот испуст што може да се направи од езерото е 75 метри кубни во секунда, а деновиве во Охридското Езеро има прилив од 140 метри кубни во секунда вода или на дневно ниво водостојот на езерото расте за два сантиметри. Како што истакна Маркоски, веќе месец и пол двете хидроцентрали на ХЕС Црн Дрим, ХЕЦ Глобочица и ХЕЦ Шпилје работат со полн капацитет и го испуштаат максималното дозволеното ниво на вода што може да пројде низ турбините, а за да се испушти вода низ прелицните испусти потребна е дозвола од Министерстовто за животна средина и другите надлежни органи.

– Улогата на ХЕС Црн Дрим е да го регулира нивото на води и да балансира меѓу нивото на Охридското Езеро, но и нивото на Црн Дрим кое може да предизвика поплави во Струшко поле и во селата покрај реката. До 1965 година Охридското Езеро воопшто не беше регулирано, а откако почна регулацијата е спречено поплавувањето, рече Маркоски.

Тој нагласи дека за количината вода што се испушта од Езерото, ХЕС Црн Дрим добива насоки и од ЦУК Струга и ЈП „Проаква“ за да се спречи евентуално загадување на подземните води и на изворите за вода за пиење.

Регулирањето на езерото е меѓу максимално дозволената кота 694 и 693,10, но на барање е прифатено минималното ниво на езерото да биде 693,17 што ние го почитуваме, рече Маркоски.

Нагласи дека и во 2011 и во 2013 година Езерото било над максималната дозволена кота од 694 метри надморска висина. Денеска нивото на езерото е 693,90 метри надворска висина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Петар Паунче Скитник

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top