четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 50 ново

Ременски крши закон: Дирекцијата за заштита на лични податоци во дефанзива

Дирекцијата за заштита на лични податоци нема отворено предмет за случајот во кој пратеничката Фросина Ременски на нејзиниот фејсбук профил објави лични податоци, имиња и презимиња и телефонски броеви како и приватни вибер разговори – соопштува за Република, инспекторот Игор Кузовски.

Запрашан да прокоментира дали во случајот со објавуање на овие податоци има прекршување на приватноста на граѓаните, Кузевски вели дека тој не го видел случајот и без да го види и испита заедно со тимот, не може да донесе одлука.

Како дошла Ременски до вибер-комуникацијата на ВМРО-ДПМНЕ: Стои ли МВР зад операцијата?

-Најдобро е доколку граѓаните се почувствуваат засегнати да поднесат преставка до дирекцијата за заштита на лични податоци па ние да разгледаме и да одлучиме дали постои одговорност. – вели инспекторот Кузевски за Република.

Инаку според законот, забрането е јавно да се објавува приватна комуникација како и телефонски броеви на граѓани, но од ДЗЛП не откриваат зошто по службена должност не отворат постапка, ако се знае дека овој случај беше отворен во јавноста.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top