четврток, 24 мај 2018 | Вести денес: 41 ново

Коле Ангеловски ја режира „Не сега, драга“ во Театар Комедија

Театар Комедија ја најавува својата новата премиера со наслов „Не сега, драга“, од Реј Куни, а во режија на Коле Ангеловски.
Премиерата на претставата е закажана за 27 март 2018, вторник, Светскиот ден на театарот, а истовремено и шестиот роденден на Театар Комедија. Драматург на претставата е: Дарко Јан Спасов, Сценограф: Илина Ангеловска, Костимограф: Раде Василев.
Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски – Тино, Ева Скендеровска, Дарко Вељиќ, Едмонд Сотир, Кристина Ласовска, Жарко Димоски и Тања Мицков.

Комедијата „Не сега драга“ (од современиот англиски автор и актер Реј Куни) е комедија на забуни, смешни ситуации и интересни карактери. Дејството се одвива во хотел, за време на едно пролетно попладне. Приказната е за еден парламентарец од Куманово кој доаѓа во Скопје на состанок во Собранието, се сместува во хотел и има закажано љубовен состанок со секретарката на Претседателот. Меѓутоа, со пратеникот доаѓа и неговата сопруга… и тука почнува „хаосот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top