недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 46 ново

Нова платформа за поддршка на мали бизниси кои ги негуваат македонските традиционални занаети

Handcrafted:mk е новоснована платформа за поддршка при започнување на мали бизниси чијашто основа е рачната изработка. Се обраќа на дизајнери од сите возрасти и образовни позадини кои сакаат да започнат сопствен бизнис што ги вклучува македонските традиционални занаети.

Платформата е во постојана потрага по иновативни и современи дизајнерски идеи што би можеле да прераснат во сериозен бизнис што нуди конкуретен производ на локалниот, регионалниот и меѓународниот пазар.

Така, таа ќе промовира и застапува производи од брендовите учесници преку саемски учества, он-лајн продажба, „поп ап“ продавници, изложби и презентации на македонската и меѓународната сцена. Платформата ќе организира обуки, предавања, работилници, натпревари, конкурси и менторства во соработка со професионалци во полето на современиот дизајн и експерти од бизнис заедницата, што ќе ги охрабри и подготви учесниците за претриемништво и лансирање на сопствен бренд.

Платформата на шест селектирани учесници ќе им понуди и организира поддршка и водство при создавање на првата пилот колекција, финансика помош за основни материјали за пилот колекција, менторство од експерт во полето на дизајн Александар Ношпал (моден дизајнер и костимограф), Лидија Георгиева (моден дизајнер и професор на ТМФ-Скопје) и Моника Лозановска (дизајнер на накит и филигран).
Три еднодневни работилници на следните теми се: Изработка на бизнис план и менаџмент, брендирање, визуелен идентитет и маркетинг и пристап до финансии и обезбедување на основни средства за почеток на активност во креативните индустрии. Аплицирањето е до 22. април 2018 за првиот циклус.

Дознајте повеќе за процесот на пријавување на следниот линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top