недела, 22 април 2018 | Вести денес: 29 ново

Скандал го тресе светот – познатите личности апелираат на масовно бришење на Фејсбук профилите

Бројни јавни личности ја поддржуваат иницијативата за масовно бриешење на Фејсбук профилите, а насјилна порака испрати основачот на Ватс ап, Брајан Актон. Тој им порача на сите корисници на Facebook да ги избришат своите профили поради се почестите скандали за прибирање и злоупотреба на приватните податоци, особено со случајот на Кембриџ Аналитика компанија блиска до кампањата на Трамп обработувала податоци за кој како и за што гласал пред да се одржат претседателските избори.

Интересно е што Актон заработи огромно богатство продавајќи ја Ватс ап на Марк Цукерберг за огромни 19 милијарди долари и сега неговата апликација е во сопственост и под контрола на Фејсбук.

Вредноста на најпознатата светска социјална мрежа падна за 37 милијарди долари, а нејзиниот сопственик Марк Цукерберг изгуби шест милијарди долари по откривањето на скандалот и најавите за тужби против Кембриџ Аналитика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top