сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 65 ново

Згаснат млад живот: Голема трагедија се заканувала да го уништи семејството Швајнштајгер

Бастијан Швајнштајгер, сопруг на познатата Ана Ивановиќ, со која пред неколку дена го доби синот Лука, нема ниту една дамка во кариерата, но неговиот живот го одбележа скандал кој се заканувал да ги уништи, а во кој бил вмешан неговиот брат Тобијас Швајнштајгер.

Имено во текот на бременоста, поточно пред неколку дена сите очи биле вперени во Тобијас, кога тој на својот Инстаграм профил објавил фотографија со бројот 18, па се испостави дека малечкиот Лука се родил токму тој ден(по европско време). Дали знаел дека на тој ден ќе добие внук или пак овој број за него има поинакво значење, не е прецизирано.

Тобијас, кој е во пензија и не се експонира многу во јавноста, единствениот скандал во кој бил инволвиран се случил во 2006 година, кога Тобијас со автомобил усмртил 13 годишно девојче.

Тогаш 24 годишниот фудбалер се враќал од тренинг, кога девојчето излетало на пат. Несреќната тинејџерка се враќала од училиште и брзала да стигне на трамвај, иако на семафорот било црвено.

Од силината на ударот девојчето одлетало 20 метри во воздух и паднало на глава. И покрај брзата реакција на лекарите, подлегнала на повредите, а Швајншатјгер е прогласен за невин после полициската истрага.

Сепак медиумите со денови пишуваа за овој скандал и целото семејство било под страшен притисок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top