среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 57 ново

Основачот на „Сигнал“: Време е, избришете ги профилите на „Фејсбук“

Коосновачот на апликацијата „Ватсап“ Брајан Актон на својот твитер-профил постави интересна објава:

„Време е. Избришете го ‘Фејсбук’“, напиша тој.

„Фејсбук“ во февруари 2014 година го купи „Ватсап“ за 19 милијарди долари и со тоа продолжи со својот монопол на пазарот. „Ватсап“ денес е најшироко распространета апликација за мобилни пораки, фотографии и видеа со 1,5 милијарди корисници.

Актон си замина од „Ватсап“ во септември минатата година, по што ја основа непрофитната организација Сигнал, чија цел е да развие технологија што ќе ја штити слободата на изразување и ќе овозможува безбедна глобална комуникација.

Покрај од Актон, „Фејсбук“ исто така беше критикуван и од поранешниот ментор на Цукерберг, Роџер Мекнами. Тој изјави дека „Фејсбук“ се соочува со криза во однос на довербата од страна на јавноста, што може да ја уништи компанијата.

Падот на акциите на „Фејсбук“ е резултат на скандалот поврзан со претседателските избори во САД во 2016 година. Имено, беше откриено дека „Кембриџ аналитика (CA)“, компанија специјализирана за стратешки комуникации, собрала податоци од 50 милиони корисници на „Фејсбук“ без нивна согласност со цел да ги искористи за изработка на софтвер кој би овозможил предвивување и влијание врз гласањето на бирачите.

Податоците биле собрани преку апликација за психолошко тестирање која ја презеле 270.000 корисници на социјалната мрежа. Истата била креирана од страна на рускиот психолог Александар Коган, кој потоа неоправдано ги отстапил податоците на CA.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top