сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Никола Попоски се враќа на сцената и ќе се сретне со Коѕијас

Двајцата министри за надворешни работи – едниот поранешен, другиот актуелен, едниот Попоски, другиот Димитров. Освен што ги спојува функцијата, а ги разделува политичката опција, и Попоски и Димитров имаат исто име – Никола и многу наликуваат еден на друг. И тоа толку многу што и на МИА ѝ успеа да ги замени, па наместо да објави фотографија на Коѕијас со Димитров, ги збуни корисниците на информативниот сервис и на фотографијата го прикажа Попоски.

Лапсус кој ја потврдува сличноста меѓу министрите иако на Димитров не му е мило што е во сенка на претходникот.

Уверете се:

Димитров: Ако јас направам беља, ќе кажам дека бил Никола Попоски (ВИДЕО)

 

Пиперка Ајварка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top