четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 73 ново

„Морчиба“ на вториот викенд на „Скопје колинг 2018“

Легендарниот трип хоп бенд „Морчиба“ на 22 јуни, ќе настапат како хедлајнери на вториот фестивалски ден, викендот помеѓу настапите на Аксвел и Ингросо и Тексас и Дарко Рундек, соопштија од „Авалон продукција“.

„Морчиба“ првпат доаѓаат во Скопје на голема сцена, да ги испорачаат сите свои големи песни од претходните албуми, како и песните од новиот албум „Blaze Away” кој треба да излезе во продажба од 1 јуни.

Од своето постоење од 1995 година, „Морчиба“ има продадено повеќе од 10 милиони промероци од своите албуми, а познати се и по глобалните хитови како: „Enjoy the ride“, „Rome wasn’t built in a day“, „Triger Hippie“ и други.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од оваа среда преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн по цени од: 1.000 ден партер и 1.500 ден фан пит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top