Јапонската тенисерка Наоми Осака ја освои титулата на тенискиот турнир во Индијан Велс. Таа ја победи Дарија Касаткина (Русија) со 6:3, 6:2. На победничката и беа потребни само 72 минути за да стигне до триумфот.
Осака го започна неубедливо првиот сет, откако при првиот сервис дозволи брејк на 30. Веднаш потоа успеа да го врати. При 4: 3 во нејзина корист таа го доби сервисот на Русинот на 15, а потоа направи убедлив сервис гем за да го освои првиот сет.
Вториот дел започна со брејк на Осака, и до крајот Касаткина не најде сили да се спротивстави.
Јапонката стигна до 6- 2, со што ја освои титулата на престижниот турнир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Кои хороскопски знаци никогаш не треба да патуваат заедно?
-
Два часа плачела пред обвинителот: Не можам веќе да живеам со него, јас се плашам од Лука!
-
Иванов на средба со пратеници од групата за француско-македонско пријателство
-
Заев го демантира Хан: Посакувам, но не верувам дека името ќе се реши за две недели