петок, 27 април 2018 | Вести денес: 0 ново

Жална слика во „Градски парк“: Работнички и МЗТ играат само за новинари и редари

Кошаркарите на Работнички и на МЗТ Скопје почнаа да го одработуваат задолжителното полчасовно загревање, иако пред нив е меч кој ќе трае само 13 минута (ако нема продолжение), со оглед што станува збор само за продолжување на вчера прекинато вечно дерби кое сега ќе се игра пред празни трибини.

Расположението е еднакво на нула, делумно поради разочарувањето од синоќешните настани, но и од фактот што освен новинарите и редарите никој нема да биде сведок на оваа нивна пресметка. Болката е уште поголема поради немањето директен телевизиски пренос од вториот дел од ова вечно дерби.

Вчерашната средба беше прекината поради константно плукање од трибините и покрај трите јавни опомени, при што прво беше наредено отстранување само на навивачите на МЗТ, за потоа одлуката да биде променета со доигрување по 24 часа. Работнички води со 62-50 во 27. минута, а патот кон победата денеска ќе им биде и олеснет.

(извор – Спорт1.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top