понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Вуду скандал го тресе здравството: Ангажирале истерувач на негативна енергија за 95.ооо евра

Австриското здравство го тресе невиден скандал. Имено, една виенска болница потпишала договор вреден 95.000 евра и тоа со истерувач на негативна енергија.

Овој ловец на штетни бранови е ангажиран енергетски да ја прочисти новоизградената болничка зграда. Австриската инспекција останала зачудена, а медиумите пренесоа дека три лица се приведени, пренесе Курир.рс.

Се огласила и виенската бискупија која на Твитер соопштила дека целосно непотребно е ангажиран овој истерувач на негативна енергија, бидејќи црковниот благослов бил сосема доволен, а и поевтин.

Стручњакот, кој болницата го ангажирала да направи „заштитен енергетски прстен“ околу објектот, за своите вуду-услуги, според договорот, би требало да наплати 95.000 евра.

Меѓутоа, овој проект е запрен бидејќи овој скандалозен договор протекол во јавност.

 

извор: sky.com.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top