четврток, 26 април 2018 | Вести денес: 103 ново

Седуммина македонски каратисти на „Дунав опен 2018“

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе земе учество на Европскиот Фудокан карате куп „Дунав опен 2018“ за сениори, јуниори, кадети и деца што од денеска до недела ќе се одржува во Виена, Австрија.

Македонија ќе настапи во следниот состав:
1. Дејан Недев
2. Јадранка Недева
3. Емилија Јанчевска
4. Димитри Влахо
5. Иван Трпковски
6. Димитар Витанов
7. Дамјан Таневски

Натпреварите ќе се одржат според ИТКФ натпреварувачките правила во сите натпреварувачки дисциплини во традиционалното карате. Пред почетокот на купот ќе се одржи и карате семинар со д-р. Илија Јорга 10 дан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top