понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 66 ново

Советот на Бекер до Ѓоковиќ: Откажи се од Јелена и од децата!

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер одлучи да го советува својот поранешен ученик Новак Ѓоковиќ, а воедно и да му објасни зошто не игра на неговото најдобро ниво.

Новак веќе неколку пати изјави дека тенисот повеќе не му е приоритет, но за Бекер клучот на проблемот во нешто друго.

– Новак е среќен, семеен човек. Поминува многу време со сопругата и децата, но ако сака повторно да биде прв во светот мора да биде целосно посветен на спортот во секој момент – рекол Бекер и заклучил дека и самот Ѓоковиќ многу добро го знае рецептот за враќање на тронот.

– Паметен е и знае што не му чини, а тоа се вика жртва! – изјави Бекер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top