сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 63 ново

Мицкоски: Вчера најмалку три пати го предвидев ова денешно сценарио

Во текот на вчерашниот ден најмалку три пати го предвидев сценариото кое што денеска Талат Џафери поддржан од Зоран Заев го спроведува во Собранието на Република Македонија, емотивен ден, одговори првиот човек на ВМРО – ДПМНЕ, Хрисијан Мицкоски на новинарско прашање на неговата денешна прес конференција.

– Врз основа на тие емоции кои што се резултат на некаква акција се случува реакција и не би сакал понатаму да коментирам бидејќи ова навистина беше тежок ден за Република Македонија, тежок ден за демократијата, тежок ден за пратениците. Во Собранието на Република Македонија се суспендираше нивното елементарно право на дискусија во рамките на законодавниот дом направени се низа преседани. За тие преседани мора некој да сноси одговорност, а кога тогаш и ќе сноси одговорност, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top