петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 2 ново

Изјавите на Џафери дека не го интересираат никакви реформи и напредок, туку само носење на овој закон, се скандалозни

Скандалозна е изјавата на претседателот на ДУИ и пратеникот Џафери, дека него не го интересира ништо никакви реформи, никаков напредок на оваа држава, туку го интересира само носењето на овој закон, како да живееме во различна држава, одговори лидерот на ВМРО – ДПМНЕ на едно од новинарсите прашања поставено по неговата вечерашна прес – конференција.

– Така што колку побрзо и порано сфатат дека живееме во иста држава и дека сме сограѓани на оваа држава толку подобро ќе биде за сите граѓани во Република Македонија, без разлика на нивната етничка припадност. Дали сега они имаат намера и цел да ја префрлат топката на друга тема, тоа е сосема нешто друго. Но, вистинската цел е дека денеска беа погазени законите, беше погазен Деловникот во Собранието, беа понижени пратениците во Собранието, беа понижени пратениците кои што гласаа за ова, а во наредните денови јавноста ќе биде запознаена со чекорите кои што ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе ги преземе, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top