понеделник, 19 ноември 2018 | Вести денес: 77 ново

Моќниот Хектор в сабота во Македонија

В сабота во нашата држава големо влијание ќе има моќниот циклон Хектор и веќе како што најавивме ќе услови врнежи и грмежи а локално не се исклучува можноста и за ИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси.

Сепак во оваа анализа ќе обрнеме внимание на ветерот кој многу ќе го има во денот сабота што значи тој ден ќе биде многу ветровит.

Ќе дува засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец кој локално ќе има олујни удари па така брзината на некои места можно е да достигнува дури и до преку 100 км/час.

Во ваква ситуација граѓаните ги советуваме да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ каде се движат а своите автомобили да ги ставаат подалеку од дрвја и бандери за да не дојде до некоја несакана ситуација.

Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да се заштитат.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top