петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 34 ново

Британија ќе протера 23 руски дипломати

Британската премиерка Тереза Меј објави денеска замрзнување на односите со Русија.

– Русија е виновна за труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал, изјави таа во Парламентот.

Официјален Лондон одлучи да протера 23 руски дипломати поради скандалот со труењето на Скрипал.

Итна седница на Советот за бедност на ОН ќе се одржи денеска во врска со труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал, а седницата ќе се одржи по барање на Велика Британија.

Скрипал и неговата ќерка беа нападнати со нервен агенс на 4 март во англискиот град Солсбери.

Заради тој случај, Велика Британија го повика во МНР рускиот амбасадор во Лондон, Александар Каковенко. Британскиот амбасадор во Москва Лори Бристоу и денеска бил во руското МНР за да се разгледа случајот со Скрипал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top